Експлозија пред куќата на црногорски новинар

by fokus

Силна експлозија доцна синоќа одекна пред куќата на новинарот Сеад Садиковиќ од црногорската телевизија Вијести.

Државната телевизија на Црна Гора јавува дека експлозијата во центарот на Бијело Поље била активирано под автомобил со белградски регистарски таблички.

Новинарот Садиковиќ во изјава за црногорските медиуми вели во моментот кога се случила експлозијата тој не бил дома, а за тоа му јавила сопругата. Тој додава дека никој не е повреден, а нема ни штета на неговата куќа.

Фото: Политика.рс

Поврзани новости