Експлозија на гасоводот во Бангладеш, најмалку седум мртви

by fokus

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на гасовод во југоисточен Бангладеш, соопшти денеска полицијата.

Од експлозијата во областа Читагонг, урната една зграда . Еден ѕид од зградата се урнал врз случајните минувачи.

Истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Поврзани новости