Експлозии и голем пожар во Истанбул

by fokus

Во турскиот град Истанбул денеска попладне дошло до експлозии во магацин на една компанија, па густиот чад го прекри градот.

Пожарот во добра мера е локализиран, благодарение на итната интервенција на пожарникарите.

Турските медиуми пренесуваат дека не е позната причината за пожарот.

Огнот избил во магацин во кој се наоѓале разни предмети како бела техника и останати материјали од стакло.

Во меѓувреме, неколку објекти биле евакуирани во близина.

Поврзани новости