Експлодираше воз во Бугарија, има загинати

by fokus

Четири лица загинаа во Бугарија кога  товарен воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино, во североисточна Бугарија.

Освен загинатите, има и најмалку 25 повредени лица. Од експлозијата уништени се и  20 објекти кои се наоѓале во околината.

Бугарски медиуми јавија дека некои објекти се уште горат, зафатени од пожарот настанат од експлозијата. Полицијата соопшти дека се евакуираат луѓето од селото.

Поврзани новости