Експлодира плинска боца во Романовце, тројца мртви

by Fokus

Во куќа во кумановското село Романовце денеска претпладне настанал пожар при експлозија на плинска боца, пишува 360 степени.

Според информациите на МВР, три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди.

Тие веднаш биле префрлени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите ќе бидат однесени во Ургентниот центар во Скопје.

Поврзани новости