Ексклузивно за ,,Фокус’’: Менаџерката на Тоше го открива пејачот со кого започна соработка по десет години пауза!

by Fokus

Лилјана Петровиќ, позната во регионот како менаџерката на легендарниот Тоше Проески, под чија закрила тој успеа да ја издигне својата кариера, по десет години пауза, повторно влезе во менаџерските води.

Од неодамна таа е дел од тимот на млад пејач, амбасадор на УНИЦЕФ за Босна и Херцеговина, чиј идентиет го откри ексклузивно за читателите на ,,Фокус’’.

,,Во прашање е Амар Гиле, победник на натпреварот на Ѕвездите на Гранд. Тој веќе имаше концерти во Босна, на стадион, каде пееше пред 40.000 публика. Неодамна се врати од Бугарија, каде одржа три концерти, и на секој успеа да собере по десеттина илјади луѓе. Популарен е во сите поранешни Југословенски републики, го сака и публиката во Македонија’’ – раскажува Петровиќ, додавајќи дека Гиле веќе настапувал во повеќе наши градови.

Пеел во Струмица, Прилеп, Скопје, Неготино, Кочани, Валандово, Велес, Куманово, Штип…

,,На први декември Гиле доаѓа повторно во Прилеп, бидејќи владее голем интерес за неговиот настап. На секој негов настап, на пример во дискотека или клуб, доаѓаат по неколку илјади луѓе, па затоа се решивме наредната година да направиме три големи концерти во Македонија. Во Скопје, Битола и Охрид, а се преговара и со Струмица. Сега ќе започне и неговата концертна туренеја, насловена како ,,Спремен на се’’ – вели Лилјана.

Таа го опишува Гиле како голем хуманист, раскажува дека бил оженет и имал бебе. Веднаш го препознала неговиот квалитет како музичар, но и како човек, и станала дел од неговиот тим.

,,Гиле има свој менаџер, а јас сум дел од неговиот тим. Би рекла, соработката е повеќе на пријателска база. Соработува со познати композитори, како Марина Туцаковиќ, Јелена Трифуновиќ, Драган Браја, гркот Василис. Му предвидувам голем успех’’ – изјави Петровиќ.

По смртта на Тоше, кружеа многу шпекулации околу тоа со кој пејач таа ќе оставри соработка. Се вртеа имиња на многу пејачи од Македонија, но и од регионот, но Петровиќ ги демантираше информациите дека се враќа на менаџерството. Ова е прв пат по пауза од цела деценија, таа да се огласи јавно по ова прашање и да го открие името на својот нов пулен.

Вики Клинчарова

Поврзани новости