ЕКСКЛУЗИВНО: На раката на убиецот на Јанушев е истетовирано името на нарачателот

by fokus

Полицијата се уште трага по убиецот, нарачателот но и останатите вмешани во ликвидацијата на 28-годишниот Мартин Јанушев, кој викендот беше застрелан во скопската населба Аеродром.

Од МВР засега не споделуваат детали од истрагата, коментирајќи дека работат на расчистување на случајот. Сепак, неофицијално се шпекулира дека полицијата има детали за крвавиот настан, односно добро им е познат идентитето на сите вмешани во убиството.

„Фокус“ од добро упатен извор, кој и лично го познава убиецот, дознава дека покрај долгогодишната соработка на убиецот и нарачателот, нив ги врзува и една тетоважа. Поточно како што појаснува нашиот извор, на раката на убиецот е истетовирано името на нарачателот. Оваа тетоважа, која се наоѓа веднаш над прстите на десната рака, убиецот ја имал од поодамна, а ја направил оддавајќи му чест на својот ментор и идол.

Според нешиот извор, убиецот му се восхитувал и многу го почитувал нарачателот, поради што најверојатно и слепо ја извршил наредбата за ликвидација.

Иако од МВР не го откриваат идентитетот на осомничените, сепак во јавноста гласно се говорат нивните имиња. Сепак „Фокус“ нема да ги објави, поради презумпцијата на невиност.

Извршителот издржувал казна затвор во истражниот затвор Скопје, а на денот на убиството бил на викенд. Нарачателот пак во моментот на убиството пак бил во Србија.

Од Управата за извршување на санкции, потврдија дека за лицето за кое прашуваме имал погодност викенд. Сепак од таму ни посочија дека немаат детали на колкава затворска кaзна е осуден, и колку од казната одлежал. Овие податоци ги имаат во затворот „Скопје“, но во моментот таму нема кој да одговори, бидејќи затворската установа е без директор.

Медиумите шпекулираат дека затвореникот одлежувал шестгодишна казна затвор, за наркотици, но математиката не се поклупува бидејќи во истражниот затвор Скопје, освен притвор, се издржуваат казни затвор пониски од три години. Ова значи дека осомничениот има помала затворска казна, или пак поради безбедносни причини ја издржувал казната токму во овој затвор.

Според неофицијални информации, извршителот, момчето кое што било со него во моментот на убиството и нарачателот се кријат во Србија.

В.В.

Поврзани новости