ЕКСКЛУЗИВНО: Конечно дешифриран средниот текст од Каменот на Розета!

by lali

На него јасно се гледа дека и македонскиот владетел Птоломеј V преку своерачен потпис изразил поддршка за втор мандат на Иванов, претседател кој е посветен на старите традиционални вредности што треба да се негуваат и чуваат во една држава како што е Македонија.

Е сега, дали ова научно достигнување и дешифрирање на Каменот на Розета ќе биде доволно за Конвенцијата на владејачката партија да му даде втора безрезервна поддршка на Иванов останува да почекаме и видиме. А ако тоа се случи, Иванов ќе има можност на сите граѓани од Македонија да им даде втора шанса конечно да го запознаат и слушнат за него.