ЕКСКЛУЗИВНО: БЕСА од СДСМ барала и уставни измени за редефинирање на правно-политичкиот систем

by Фокус

„Со редефинирање се подразбира ново дефинирање на правниот и политичкиот систем во Република Македонија, со потребни уставни и законски измени, со кои Македонија ќе биде мултиетничка во сите димензии на организирање на државата и на власта“.

Вака е образложен терминот „редефинирање“ во договорот за соработка и заедничко владеење кој БЕСА го доставил до СДСМ, но партијата на новиот премиер Зоран Заев одби да го потпише пред се поради овој услов за редефинирање на државата, па парламентарното мнозинство остана без петте пратеници на партијата на Биљал Касами.

Договорот што го обезбеди и презентира Фокус содржи неколку начела на владеење, меѓу кои владината програма да биде синтеза на програмите на двете партии, во владата да нема место за инкриминирани и корумпирани политичари, сите одлуки да се преземаат со взаемен консензус, владините партнери да владеат со балансирана поделба на власта итн.

Како што може да се види, на крајот од договорот се наведува во случај на непочитување на некоја од горенаведените начела, тој може да биде раскинат со претходна информација до коалициониот партнер.

В.С.

Поврзани новости