Ексклузивно: 15 судии го кренаа гласот против Панчевски

by fokus 21:50
21:50

Петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 го кренаа гласот против, како што велат, злоупотребата на судот од страна на Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, дознава „Фокус“.

„Петнаесетина судии му кажаа не на Панчевски, му пратија порака дека Основиот суд не е приватен суд, туку дека е во функција на граѓаните и поради тоа тој не смее да го користи судот за лична пресметка со колегите“, велат засегнатите судии кои за сторените злоупотреби на Панчевски решиле да го информираат Судскиот совет и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

- Advertisements -

Судиите побарале да бидат преземени соодветни мерки против Панчевски поради негово постапување „имајќи ја предвид должноста на претседателот на судот да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста“.

Тие потсетуваат дека Панчевски на веб страницата на Основниот суд Скопје 1 , но и во медиумите јавно објави дека поднесува кривина пријава против судијата Иван Џолев. Тоа е спротивно на член 97 став 3 од Законот за судовите поради што Панчевски треба да сноси одговорност, велат неговите колеги кои се одважија да се потпишат на известувањето до Судскиот совет.

Како потврда на ова, „Фокус“  ексклузивно го објавува и известувањето до Судскиот совет:

thumbnail_i1

thumbnail_i2

Поврзани новости