Екс-претседателот на Бугарија: Концептот „заедничка историја“ помеѓу Северна Македонија и Бугарија нема мрднато од мртва точка!

by Fokus

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, кој е и историчар и основач на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), во интервју за „24 часа“ изјави дека смета оти концептот „заедничка историја“ од Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија три години нема мрднато од мртва точка.

– Во мојата книга има големо поглавје за македонското прашање и мојот заклучок е дека во 2019 година, кога уште еднаш се сретнаа Борисов и Заев, е дека беше задушено Илинденско-преображенското востание по втор пат, и побрутално. Во фигуративна смисла, се разбира.

Според него, ништо реално не се случило по договорот и оти требало да има работа и резултати во две насоки.

-Прво, дефиниција за поимот „заедничка историја“. За мене, тоа значи запишување кратко и јасно дека населението на денешна Северна Македонија, на Вардарска Македонија со векови до првите децении на дваесеттиот век постоел бугарски национален идентитет. А револуционерната организација во овој период имала бугарски национални цели и задачи. За периодот потоа не се расправаме, го признаваме правото на различност на нашите браќа од Скопје, рече Прванов.

Поврзани новости