Екс министерот Тодоров не сака медиумски да се експонира, молчи за скандалот со фалсификуваните лекови увезени од Турција

by Fokus

Откако денеска излезе интервјуто на директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во „Фокус“ во кое тој обвини дека фирма блиска до кумот на екс премиерот Никола Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција, одлучивме да го контактираме поранешениот министер за здравство Никола Тодоров за време на чие владеење, односно во 2012 година беше воведен паралениот увоз на лекови.

„Фокус“  испрати неколку прашања на екс миниистерот за здравство за да ни објасни зошто го вовеле паралелниот увоз на лекови, кој од тоа имал најголема придобивка, дали тој е запознаен дека фалсификувани лекови влегувале во државата и какви, кој ќе сноси одговорност за тоа што граѓаните години наназад пиеле неквалитетни и небезбедни лекови?

Меѓутоа, Тодоров не одговори на ниту едно од нашите прашања, иако претходно упорно тврдеше дека сите лекови се квалитетни и безбедни.

Тој пред пет години тврдеше дека со воведувањето на паралениот увоз на лекови, треба да се овозможи поголемо ниво на конкурентност, регулиран пазар на лекови без да има уцени за здравствениот систем со вештачко креирање на лекови.

„Со законските одредби за паралелниот увоз на лекови сакаме сериозно да ја олесниме процедурата за паралелен увоз, без притоа да влијаеме негативно на позитивната поставеност на системот досега. Во групата на држави од коишто може да се врши паралелен увоз се додаваат и Русија и Турција – рече Тодоров на тогашната јавна расправа.

И.М.

 

 

Поврзани новости