Екс-играч на ЦСКА Москва: Корона вирусот не им може ништо на Русите, нивната вотка од 70 степени убива се!

by Fokus

Некогашниот фудбалер на ЦСКА Москва, Елвер Рахмиќ низ смеа ја прокоментира ситуацијата со корона вирусот во Русија.

Во оваа земја властите ја забранија продажбата на алкохол во продавниците, па луѓето се жалеле за тоа, потенцирајќи дека тоа е нивниот природен лек.

„Можам да замислам како пијат вотка во карантин. Дури ни корона вирусот не им може ништо, затоа што вотката од 70 степени убива се живо. И инфекција и корона вирус“, порача Рахмиќ.

Поврзани новости