Екс градоначалникот Стојанов на вработен во Општина незаконски му ја легализирал куќата

by fokus

СВР Струмица му поднесе нова кривична пријава на поранешниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов (51), како и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци.

Според портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска, поранешниот градоначалник се сомничи дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а второпријавениот за „Поттикнување“.

– В.С. на 27 септември 2012 година на второпријавениот му издал решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект-куќа, за објект за кој не биле исполнети условите за легализација и утврдување правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Според полицијата, поранешниот градоначалник на општина Василево со тоа постапил спротивно на Законот со што му овозможил на второпријавениот, кој е вработен во Општина Василево, да се стекне со противправна имотна корист.

Поврзани новости