Екс градоначалникот на Свети Николе на сметка на општината го полнел со гориво автомобилот на татко му

by Fokus

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешениот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена пложба и овластување“.

Според информациите, пријавениот на 13 септември, годинава како градоначалник на општина Свети Николе на шефот на возниот парк  му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел гориво во возило сопственост на  таткото на пријавениот и 10 литри  за потребите на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а при  плаќањето со „Верна“ картичка, регистрирана на Општина Свети Николе да прикаже дека 58,3 литри еуродизел гориво, било наточено во автобусот сопственост на општина Свети Николе.

Поврзани новости