Екс директорот на комунално претпријатие внесувал лажни податоци во завршните сметки и „потрошил“ 53 илјади евра за репрезентација

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното Јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против К.К (55) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, за “несовесно работење во службата”, и “фалсификување или уништување на деловни книги”.

Според информациите од МВР, пријавениот како директор на Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“ Битола, побарал од службата за финансии во деловните исправи -завршни сметки за 2013 и 2014 година да се внесат невистинити податоци за приходите на претпријатието со цел да се прикаже добивка во работењето. Потоа, со свој потпис и печат од претпријатието ги заверил како вистинити и ги употребил пред Советот на општина Битола.

Пријавениот, исто така, во периодот од 2013 до 2017 година одобрувал големи трошоци на репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието, а тоа се одразувало на добивката на „Нискоградба“-Битола. Во наведениот период пријавениот одобрил вкупно 3.280.358 денари за репрезентација.

Поврзани новости