Екологистите реагираат за ДУП-от за Железара: Ќе го загубиме воздухот кој и онака го немаме

by Фокус

Јавната презентација за три Детални урбанистички планови во Општина Гази Баба за делот на Железара заврши со голема расправија во исполнетата општинска сала.

Екологистите тврдат дека со ДУП-от се предвидува тешка загадувачка индустрија, а тие добија поддршка од дел од советниците.

-Ако овие планови се остварат може да се збогуваме со чистиот воздух кој и онака го немаме – вели Анастасија Павловска, граѓански активист.

Главната општинска урбанистка Благица Блажевска рече дека оние субјекти кои се со намена Г-1 останаа со  истата намена за тешка загадувачка индустрија, додека, како што рече, се друго е со намена за деловен простор, зеленило  и лесна индустрија.

-Досега за тој дел од Општината нема донесено Детален урбанистички план, сега дојде време да го урбанизираме и да го средиме, бидејќи има многу субјекти и секој треба да си  добие своја парцела – рече Блажевска.

Поврзани новости