Еко-револуција на 22 април во Дебрца

by fokus

Жителите на општина Дебрца на 22 април во 5 до 12 ќе одржат протест во селото Ботун против изградба на регионална депонија на територијата на оваа општина, кај селото Годивје, на неколку стутини метри одновиот автопат во изградба, Кичево-Охрид.

-Дебрчани, сега е моментот. Дебрца чиста ја наследивме, чиста и ќе ја оставиме, порачаа организаторите на протестот, кои во повикот потсетуваат на убавините на овој регион, но и на значењето на Дебрца во градењето на државата, тогаш кога било најтешко, се вели во Прогласот.

Советот на општина Дебрца, едногласно ја отфрли одлуката за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.

Поврзани новости