Екатимерини: Преспанскиот Договор не признава македонска нација, туку државјанство

by Fokus

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, според пишувањата на „Екатимерини“, наводно се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот „народ и идентитет“ и потребата да се заштити македонскиот „народ“ што живее надвор од земјата.

„Владата на ПЈРМ во петокот достави нацрт-уставни амандмани до Парламентот, со кои формално ќе ја преименува земјата во „Северна Македонија“ по договорот за името потпишан со Грција. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наводно, изразил резервираност за членот кој се однесува на делот за македонскиот народ“, пишува „Екатемерини“.

Павлопулос инсистира на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанството.

Според весникот, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го претставил предлогот на прес-конференција по состанокот на неговиот кабинет и кажал дека нема ништо спорно во четирите предложени измени кои биле во согласност со меѓународните стандарди.

Во првиот амандман се предлага замена на фразата „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ во Уставот.

Вториот амандман предлага дополнување на Охридскиот рамковен договор од 2001 година како конститутивен елемент на земјата.

Освен тоа, во согласност со грчката страна, преамбулата на Уставот, исто така, ќе ги вклучува и промените во упатувањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) од 1944 година, за да се отстранат сите формулации за кои иредентистите сметаат дека се отстранети.

Предложениот трет амандман вклучува референца дека ПЈРМ го почитува националниот суверенитет и територијалниот интегритет на соседните земји.

Наредната пленарна седница на македонскиот Парламент за ратификација на уставните измени ќе се одржи на 1 декември.

Еден месец подоцна ќе се одржи третото и последно гласање за ратификување на уставната ревизија.

Поврзани новости