ЕК ја постави положбата на Ромите како услов за влез во ЕУ

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан на денешната промоцијата на иницијативата „Интеграцијата на Ромите 2020“ изјави дека земјите аспиранти за ЕУ пред да станат дел од клубот, ќе мораат да докажат конкретен напредок во инклузијата на Ромите.

-Пред да пристапат, земјите ќе мораат да покажат остварување на конкретен напредок во областите на образованието, вработувањето, здравството, домувањето и личните документи на Ромите. Со Декадата на инклузија на Ромите, интеграцијата на Ромите е ставена во политичката агенда: проектот ‘Интеграција наРомите 2020’, претставува потврда на Декадата во земјите од проширувањето, каде што се настојува да се постигнат одржливи резултати на терен, рече Хан.

Иницијативата е покрената од Европската комисија, Советот за регионална соработка (RCC, интервладино тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа- SEECP) и Фондацијата Отворено општество. На презентацијата на иницијативата присуствуваше и претседателот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос.

Поврзани новости