„Еј“: Видео запис од киднапирањето на премиерот

by Fokus

Филмот „Еј!“ е сниман пред десет години без буџетска поддршка а денеска излезе краток официјален видео запис од филмот. Настанал како одговор на политичката цензура, откако субверзивната претстава „Мара Сад“ на Христов  била симната од репертоарот на театарот. Екипата на претставата – педесетина соработници обединети во неформалниот „Еј! Колектив“, решиле да снимат целовечерен игран филм. Филмот е политичка сатира, а  професионалните ентузијасти го снимиле за шест недели, од крајот на 2008 до февруари 2009 година.

Раскажува за спиртуална сеанса на  група пријатели на една ноќна забава кога на шега се обидуваат да го повикаат духот на Александар Македонски. Наместо него, меѓу нив се материјализира премиерот на земјата. Набргу низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот премиер. Преку ноќ групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник.

Поврзани новости