Египетската полиција упадна во канцелариите на независен медиум

by fokus

Египетската полиција денеска упадна во канцелариите на порталот „Мада Маср“, кој ја критикува Владата на претседателот Абдел Фатах ал Сиси.

„Мада Маср“ е независен информативен сајт во Египет. На Твитер налогот на порталот е објавенои дека полицијата „ги држи вработените во зградата и оти се исклучении телефоните“.

Не е познато колку луѓе имало во канцелариите на „Мада Маср“ кога упаднала полицијата.

„Мада Маср“ вчера објави дека полицијата привела еден од уредниците.

Порталот беше помеѓу стотина други медиуми кои египетските власти ги блокираа претходните години.

Поврзани новости