Едвај илјада лица досега пријавиле дека не се фантоми

by fokus

 Вкупно 980 граѓани до денеска се пријавиле во Државната изборна комисија, откако своето име го пронашле на списокот со спорни гласачи. Најмногу спорни гласачи има од скопските општини Чаир, Аеродром и Центар.

Во просек, дневно се пријавуваат околу 150тина граѓани, а рокот истекува на 19-ти август. Ако продолжи истата динаима, до тогаш списокот со 39 502 записи ќе биде олеснет за помалку од 4 илјади гласачи, а останатите се на добар пат да бидат избришани.

Новата листа на спорни гласачи предизвика големи реакции во јавноста, откако на неа се најдоа имиња на познати јавни личности, професори, новинари, судии, политичари…Дел од нив револтирано најавија дека нема да се пријават во ДИК и дека не сакаат на тој начин да докажуваат дека имаат право на глас.

Поврзани новости