Едно лице повредено во сообраќајка кај Дреновска Клисура: Пожарникари три часа ја сечеле каросеријата на возилото да го извлечат повредениот возач

by fokus

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска Клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница.

Припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.

Увидот на самото место е во тек.

Поврзани новости