Единствена Македонија: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија наштио предлог парите за партиите да се делат според бројот на членови

by fokus

Единствена Македонија ја известува јавноста дека 4,5 милиони евра не одат кај политичките партии, туку воглавно одат во касата на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата Единствена Македонија.

-СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени буџетското финансирање на партиите да се врши според бројот на пратеници што значи дека парите од буџетот кој го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија, со што, партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови, а не според бројот на пратеници.
Единствена Македонија апелира до медиумите во своите извештаи да не ја користат барем формулацијата „политичките партии годишно ќе добиваат 4,5 милиони евра„ оти се добива впечаток дека сите партии ги делат овие пари, туку, прецизно да информираат дека овие пари ги добиваат воглавно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости