Единствена Македонија: Иванов да не се плаши од блефирањето на Заев и Ахмети и да ги помилува уставобранителите

by fokus

Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија со нетрпение очекуваат да ја слушнат радосната вест од претседателот Иванов за помилување на уставобранителите кои се осудени на повеќе од два века затворски казни само затоа што влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок на државата, велат од Единствена Македонија.

„Единствена Македонија очекува од Иванов да не наседне на вчерашните закани на Зоран Заев и Али Ахмети. Заев се закани дека новиот претседател ќе ги поништи евентуалните помилувања од Иванов а Ахмети најави последици во државата доколку Иванов даде помилување.

Го охрабруваме Иванов да не се плаши од блефирањето на Заев и Ахмети оти за заканите на Заев нема правна основа, а за заканите на Ахмети да му порачаме дека трпението на македонскиот народ ги поминува сите можни граници и доколку Ахмети повторно прави проблеми овојпат ќе си има работа со македонскиот народ а не со македонското предавничко позициско и опозициско раководство во воената 2001-ва“, додаваат од партијата на Јанко Бачев.

Поврзани новости