Единаесет години по донесувањето, јавна дебата за Законот за безбедност и здравје при работата

by fokus 08:31
08:31

Македонското здружение за заштита при работа денеска организира јавна дебата за Законот за безбедност и здравје при работа.

Законот е донесен пред 11 години и досега се направени неколку измени и дополнувања. Целта е да се слушнат мислењата на сите засегнати страни дали е потребна интервенција во законот.

- Advertisements -

Извештајот за несреќи при работа што го подготвува Македонското здружение за заштита при работа покажува дека се уште работниците гинат на работните места. Така, минатата година се евидентирани 24 смртни случаи на работното место.

Поврзани новости