Единаесет Босанци уапсени бидејќи печеле јагне на жар, за време на полициски час

by fokus

Полицијата во Босна и Херцеговина вчера уапси 11-мина поради непочитување на забраната за движење во полициски час. Осомничените се затечени во Босанска Градишка.

Имено, лицата непочитувајќи го ни избегнувањето собири, ниту пропишаното физичко растојание, печеле јагне на жар.

Највозрасниот меѓу нив има 65 години – нему му е во целост забрането напуштање на домот. Другите се обвинети за излегување од дома во периодот од 20:00 до 5:00 часот.

Полицијата притоа повторно ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на полицискиот час.

Поврзани новости