Еден загинат и тројца повредени во судирот на четири возила кај Охрид

by fokus

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајката што се случи попладнево во близина на Охрид. Тројцата повредени патници се пренесени во Специјализираната болница Св. Еразмо .

Несреќата се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“, а интервенирале и охридските пожарникари.

 

Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.

Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.

Поврзани новости