Еден загинат и тројца повредени во пукање во трговски центар во САД

by Фокус

Едно лице загина, а тројца се повредени по пукање во средата вечерта во трговски центар во Ел Пасо, Тексас.

Трговскиот центар каде што се случил нападот е во непосредна близина на продавницата Волмарт, каде што во 2019 година вооружен маж уби 23 луѓе

Си-ен-ен јави дека осомничениот за нападот е во притвор, а полицијата верува дека може да има уште еден осомничен кој сè уште не е фатен.

Мотивот за нападот засега не е познат.

Тројцата повредени мажи се хоспитализирани во болница. Двајца од нив се во критична состојба, а состојбата на третото лице е непозната.

Поврзани новости