Еден загинат и двајца повредени при удар на автомобил во столб

by Fokus

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај фабриката „Раде Кончар“.

Според полицијата, во несреќата загинал 51-годишне З.В. кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се 17-годишниот М.К и 24-годишниот К.К.

Несреќата се случила околу 00:50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Поврзани новости