Еден ученик загина во пукање на автобуска во САД

by fokus

Во пукање од автомобил во движење, денеска на автобуска постројка во Луисвил, Кентаки, бил убиен малолетник, а други две деца се ранети, јави Си-ен-ен.

Пукањето се случилo во раните утрински часови додека децата чекале школски автобус. Малолетникот бил однесен во болницатa Луисвил каде било утврдено дека е починат. Другите две деца се вон животна опасност.

Полицијата го потврди настанот и соопшти дека работи на случајот и на утврдување на сторителите.

Поврзани новости