Еден Сириец уби жена во Германија, друг се разнесе со бомба

by fokus

Во текот на вчерашниот ден два нови напади се случија во Германија. Во првиот, Сириец со мачета беснеел во покраината Баден Виртенберг, при што убил една бремена жена, а ранил две лица.

Сириецот, инаку барател на азил во Германија, бил запрен кога во него еден очевидец удрил со својот автомобил, по што полицијата го уапсила.

Неколку часа подоцна, 27-годишен Сириец се разнел со бомба на музички фестивал во Баварија. При нападот нема загинати, а повредени биле 12 лица. Министерот на баварската полиција рече дека Сириецот кому не му било одобрено барање за азил стигнал во Германија пред две години, и веќе два пати се обидел да изврши самоубиство.

Поврзани новости