Еден починат и нови 89 случаи на КОВИД-19

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 87 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје(70г),починат во домашни услови,пoчинат на 30.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.

Поврзани новости