Еден починат и 196 новозаразени во изминатите 24 часа

by fokus

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје инфрмира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на Ковид-19 од направени 2.067 тестови.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Битола (81г), во болнички услови.

Досега во земјата направени се вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.

Поврзани новости