Еден месец по поразот, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини

by Fokus

Еден месец по поразот на Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година, со предлог за извршна наредба на Белата куќа им е наредено на највисоките воени функционери на земјата да ги запленат гласачките машини низ САД, објави Политико.

Документ објавен од Националниот архив ги открива екстремните мерки кои поранешниот републикански претседател бил подготвен да ги преземе за да остане на власт.

„Од денеска, министерот за одбрана треба да ги заплени, собира, зачува и истражи сите машини, целата опрема, сите информации складирани во електронска форма“ во врска со изборите, се вели во предлогот на три страници, кој никогаш не бил потпишан.

Поврзани новости