Еден месец по поплавите – пари нема ни од владата ни од Црвен Крст

by fokus

Голем дел од граѓаните од поплавените подрачја во скопско и еден месец по невремето се уште не ја добиле еднократната помош од државата, ниту ветениот аванс, а се уште под знак прашалник е кога ќе бидат целосно обештетени.

За да ја добијат држаната помош со денови лутаат низ бирократските лавиринти, пополнувајќи изјави кај нотар, докажувајќи сопственост на имотот и слични обврски кои за поголемиот број граѓани се неразбирливи и им се дополнителен товар.

Надлежните бараат трпение и ветуваат дека сите ќе ја добијат ветената помош, додавајќи дека во меѓувреме децата од поплавените подрачја добиле помош во поинаков облик, како бесплатни ранци и училишен прибор.

Во меѓувреме граѓаните од овие подрачја ги „топат” личните заштеди санирајќи ги огромните штети во куќите, во кои во најголем дел се уште нема елементарни услови за живот.

Парична помош се уште не стигнала ниту од Црвениот Крст, бидејќи хуманитарната организација чека да заврши процедурата со проценката на штетите за да ги добие трансакциските сметки на жителите. Генералниот секретар Саит Саити рече оти се подготвени веднаш да почнат со исплатата на 63 милиони денари, колку што се собраа на нивната сметка.

Поврзани новости