Ед Ширан: Во училиште бев малтретиран

by fokus

Британскиот пејач Ед Ширан, едно од најголемите имиња на светската музичка сцена, откри дека на училиште бил малтретиран.

Како дете, тој бил низок, имал портокалова коса, носел очила и пелтечел, па врсниците често го провоцирале и исмејувале.

– Понекогаш и плачев на пат кон училиштето. Ги мразев и излегувањата во основно. Кога се запишав во средно, почнав да свирам гитара во бенд, станав посамоуверен и посреќен оти правев нешто во што бев прилично добар, изјави Ширан.

Тој смета дека токму таа негова различност го довела до успех и дека луѓето го помнат токму затоа што е „чуден и поинаков“.

Поврзани новости