ЕБОР: Македонија годинава ќе има 2 отсто раст на БДП

by fokus

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Северна Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти.

Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година.

За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.

Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање.

Поврзани новости