ДЗС: Оваа седмица попишани вкупно 32.752 лица од дијаспората

by fokus 17:37
17:37

Во текот на првата седмица од најголемата статистичка операција попишани се вкупно 32.752 лица од дијаспората, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС појаснува дека секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Како што посочија во соопштение, проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

- Advertisements -

-Бројот на попишани расте секој ден. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, се наведува во соопштението на ДЗС.

Иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

Поврзани новости