1
Двојно убиство се случило синоќа во населбата Љубиќ кеј во Чачак, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите кои како што пренесувааат тамошните медиуми се уште не се официјално потврдени, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си.
– Телата се пронајдени во станот, а осомничениот син е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград – раскажува за РИНА извор запознаен со случајот.
Според првичните инфомации во написите, убиениот маж бил истакнат лекар од Чачак.