Двојните аршини на ВМРО ДПМНЕ за фалсификувањето исправи

by Фокус

Три дена по ред ВМРО ДПМНЕ го повикува министерот Оливер Спасовски да ги открие одговорните за фалсификувањето лични карти. Антонио Милошевски три пати излегува на говорница и ги повторува истите две реченици дека Спасовски мора итно да ги открие сторителите.

Но ВМРО ДПМНЕ има двојни стандарди- зошто не беше толку гласна кога Фокус ја откри фабриката за пасоши? Зошто тогаш Милошевски не беше загрижен за фалсификуваните исправи.

-Тогаш МВР имаше капацитет да се справи со вакви случаи, а сега очекуваме исто, одговорил Милошевски на новинарите кои го прашале зошто партијата на Груевски има двојни аршини кон случаите.

Ако е вистина дека ВМРО ДПМНЕ имала капацитет тогаш зошто повеќе од година не е откриен сопственикот на фабриката за пасоши, зошто не се откриени одговорните фалсификатори и зошто цела година постапката не мрда од место?

Инаку, Спасовски во јавните настапи неколку пати повтори дека истрагата е во тек.

Поврзани новости