Двојазичноста главно ветување на ДУИ

by fokus 22:13
22:13

Посебен закон за албанскиот јазик и двојазичноста се главни ветувања на ДУИ во предизборниот период.

Партијата верува дека воведувањето двојазичност на цела територија и службената употреба на албанскиот јазик ќе придонесат за подобра интергазија, развој на меѓуетничките односи и на економијата.

- Advertisements -

Носителот на кандидатската листа во првата изборна единица Артан Груби рече оти ќе предложат посебен Закон за албанскиот јазик и формирање државна институција за негова афирмација и заштита.

Груби нагласи и дека во наредниот мандат неговата партија ќе иницира заедничка меѓупартиска резолуција, со која сите политички субјекти ќе се обврзат за подобрување на односите со соседните земји, вклучувајќи го тука и прашањето за името со Грција.

Во изборната програма на ДУИ се ветуваат и економски мерки за вработувања и реформи на целото судство.

 Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека во подготовката на нивната платформа работеле 170 лица, експерти во нивните професии.

-Имаме одговорност да ја оствариме- порача Ахмети.

Поврзани новости