Движењето за реформи-ДПА со иницијатива пред Уставен за „фантомите”

by fokus

Движењето за реформи-ДПА поднесе иницијатива пред Уставниот суд за списокот со спорните гласачи што го објави Државната изборна комисија.  Од Уставниот суд бараат да се преиспита уставноста на измените на законот за Изборен законик, со кој се предвидува проверка на 39.502 гласачи.

-Се повикуваме на членот 22 од Уставот со кој се гарантира правото на граѓаните на глас и тука не е нагласено дали тие треба да бидат во, или надвор од државата на денот на изборите и дали ќе го искористат гласачкото право. Тие се државјани на Македонија и сите други проверки се непотребни. Затоа ја поднесовме иницијативата и Уставниот суд треба да одлучи дали е прекршен Уставот– велат од ДПА.

 

 

Поврзани новости