Движењето во Градскиот парк ограничено, ќе минуваат само оние со карти за натпреварот Македонија- Шпанија

by fokus 09:17
09:17

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поради денешниот меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

-Во периодот од 15,00 часот СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк. Односно ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: Бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул. “Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, информираат од МВР.

- Advertisements -

Оттаму додаваат дека ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар.

Поврзани новости