Двегодишното дете од Охрид починало од сепса, обвинителството утврдува кривична одговорност

by Fokus

Основното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот центар Охрид.

„Обвинителството го доби секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза. Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Детето првпат било примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

Поврзани новости