Двегодишно дете и родителите загинаа во сообраќајка кај Делчево

by fokus

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Делчево попладнево загинале двегодишно дете и неговите родители.

Според првичните информации од СВР Штип, автомобилот на загинатите директно се судрил со камион натоварен со дрва.

-Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

Поврзани новости