Две жени починаа, 13 нови случаи на корона вирус во Тиквешко

by fokus

Жена на возраст од 77 години од Кавадарци, и жена од Неготино на возраст од 55 години, и двете позитивни на Ковид-19, починаа на скопските клиники, информираат од ЦЈЗ Кавадарци.

До 13 часот денес се пристигнати позитивни резултати за седум лица од Кавадарци и шест од Неготино, на возраст од 24 до 81 година.

Околу веста која е актуелна и ги загрижи граѓаните, дека корона вирусот се појавил во Специјалниот Завод Демир Капија, каде се згрижени голем број на лица со попреченост, од Центар за јавно здравје Кавадарци велат дека се регистрирани четири случаи на вирусот кај штитеници сместени во Депендансот, кој е во посебни простории, и како истите веќе биле изолирани од останатите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости