456
На зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, вчера околу 19 часот граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.
„На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.