Две починати лица и 28 нови случаи на корона вирус во Тиквешко

by fokus 16:18
16:18

Две лица позитивни на Ковид-19 од Кавадарци, на возраст од 66 и 81 година починаа, а регистрирани се 28 нови случаи на вирусот во Тиквешко. Се работи за лица на возраст од 17 до 79 години, и тоа 16 од Кавадарци, 6 од Неготино, четири од Демир Капија и две од Росоман.

Инфицирани се две негувателки во две различни градинки во Кавадарци, по што 11 деца и две вработени и исто толку деца и вработени од другата градинка одат во изолација.

- Advertisements -

Вчера и завчера и во Неготино беа регистрирани позитивни деца од градинка, по што беа изолирани шест деца и две од вработените од една и 13 деца и две од вработените од друга група.

На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 40 лица и има 20 слободни кревети.

Вики Клинчарова

Поврзани новости